Вие сте тука:   Почетна

Пехчево

Четврток, 22 Јули 2010 16:39 18август
Печати PDF

ПОКАНА


Почитувани планинари,ентузијасти и љубители на природата, П.Д.„Кадиица“-Пехчево на ден 07 и 08.08.2010 година(сабота и недела) го организира петиот по ред Традиционален Меморијален марш „Јован Гугушевски“.
По тој повод ве покануваме и вие да го збогатите нашиот марш со вашето присуство со што ќе ни биде посебно задоволство.

baner_Final


ПРОГРАМА:


07.08.2010(САБОТА)
До 08:30 часот пристигнување и пречек на гостите на центарот во Пехчево од каде ќе биде и тргнувањето.
Во 09:00 часот почеток на маршот од центарот на Пехчево преку Гаџалната-Равно Борје-Трешчена Полена-Сигнало-Кадн Бунар-Врв Кадиица(1932м.н.в)-Врв Орловец-Еленско Блато каде ќе логорувањето во ваши сопствени шатори-пристигнувњ околу 17:00 часот.
Овде ќе биде поделен ручек од организаторот(планинарско гравче).Секој уцесник да си носи прибор за јадење.Потоа ќе биде направен логорски оган,ќе бидат доделени благодарници на учесниците и забавата продолжува до раните утрински часови.

 

08.08.2010(НЕДЕЛА)
До 09:00часот станување,појадување и припрема за поаѓање:
Прошетка по Планината Буковик,разгледување на нејзините убавини и локалитети рудниците,Далипови Кашчи и локалитетот кој е под заштита каде се наоѓа инсектојадното растение DROSERA ROTUNDIFOLIA-балкански ендем.Ручекот е од ранец.


Потоа се враќаме во Пехчево околу 16:00 часот и овде се разделуваме со желби за повторно видување.


НАПОМЕНА:
Сите учесници да си носат опрема за ноќевање кај што од Пехчево со наше возило ќе биде пренесена до местото на логорување.
Сите учесници да носат прибор за јадење.


ПОСЕБНА НАПОМЕНА:
Се замолуват сите учесници на маршотда не фрлат недопушени цигари(отпушоци) и други запаливи матери за време на маршот кои би мозеле да предизвикат пожар.Во текот на маршот екологијата д а биде на високо ниво.
Дојдете во Пехчево дојдете да ги видите и почуствувате убавините на овој еколошки крај.
Ви благодариме

ПЛАНИНАРСКИ ПОЗДРАВ
Телефон за информации:070/645-900 Маријан
ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО 05.08.2010 ГОДИНА

(ВЕ МОЛИМЕ ДА ДОСТАВИТЕ ИНФОРМАЦИЈА НАВРЕМЕНО)

Последно освежено на Четврток, 22 Јули 2010 16:58
Clear

12°C

Bitola

Clear

  • . Clear

    24°C 9°C

  • . Clear

    24°C 11°C

  • . Clear

    27°C 13°C

  • . Clear

    33°C 13°C

  • СТАТИСТИКА

Има 1 гостин присутни
Членови : 2
Содржина : 48
Веб врски : 6
Гледања на содржината : 16295