ЗА НАС
Планинарскиот спортски клуб „18 – ти Август“ постои од 21. 11. 2002 година и е носител на спортот и рекреацијата на вработените од МО (министерство за одбрана) и ГШ (генералшатабот) на Армијата на Република Македонија, нивните семејства како и пошироко.
Во 2009 година е извршена пререгистрација во планинарски спортски клуб, а во прво време (2002 год.) е регистриран како Здружение на граѓани (ЗГ) и тоа од десет оснивачи и тоа:
- Синиша Алексовски - претседател,
- Драган Филиповски - генерален секретар,
- Верица Симиќ - благајник,
- Пандора Тошанова - член,
- Биљана Георгиевска - член,
- Елизабета Младеновска - член,
- Владимир Филчев - член,
- Драган Петрушев - член,
- Тодор Митров - член и
- Бранислав Лабан - член.
Во изминатиов период Планинарскиот Клуб има земено учество во рамките на Сојузот на спортови на Република Македонија на неколку маршеви, меморијали и натпревари на кои има постигнато високи резултати на ниво на државни натпревари. Меѓу нив, како позначајни ги издвојуваме освојувањето на неколку врвови како во земјава, така и во странство и тоа: „Шар Планина“ (Титов Врв 2742), „Баба“ (Пелистер 2601), „Солунска Глава“ (2547), „Кораб“ (2864), „Рила“ (Врв Мусла 2925, Бугарија), „Пирин“ (Врв Вихрен 2914, Бугарија), „Олимп“ (Врвот Митикас 2918, Грција) итн. Од страна на Федерацијата на Планинарски спортови, до сега ни се дадени неколку позначајни организации на маршеви на државно ниво кои се многу успешно организирани и реализирани.
За организација на маршеви и меморијали од страна на Федерацијата на Планинарски Спортови на РМ, на Планинарскиот Клуб „18 – ти Август“ му е доделена организација и реализација на меѓународен маратон „Кајмакчалан 2004“ и „Кајмакчалан 2005“ со должина од 66 км во кој имаат земено учество планинари од повеке планинарски друштва од земјата и од странство. Исто така, ПСК „18 – ти Август “ го организира меморијалот на АРМ на „Славеј Планина“ кој од 2004 година влезе во календарот на ФПСМ, а од 2005 година добива и меѓународен карактер.
Во соработка со Данскиот контингент, ПСК „18 – ти Август“ организираше два марша за припадниците на ЕУФОР – конкордија, со учество од околу 1000 учесници на двата марша на релација Олимписко село – Милениумски крст (Водно). На двата маратона учествуваа и членови на ПСК „18 – ти Август“, вработени во МО и ГШ на АРМ по кој повод се здобија со дипломи од страна на ЕУФОР како и диплома на Клубот за успешна организација на маршовите.
ПСК „18 – ти Август“ за краток период на делување се стекна со углед и реноме во Федерацијата на Планинарски Спортови каде што од своите членови имаше претставник во федерацијата, а во Македонската Планинарска Асоцијација учествуваа со два члена од своите редови (Претседател и Администратор на Македонската Планинарска Асоцијација).
ПСК „18 – ти Август“ располага со Планинарски Дом кој се наоѓа во селото Скочивар во близината на Ниџе Планина и од страна на членовите на Планинарскиот клуб е редовно посетуван и одржуван. Во наведениов Планинарски Дом (Караула) се одржуваат манифестации од типот на планинарски маршеви, планинско трчање, собир на планинари и други активности.Од страна на комисијата при Министерството за одбрана дадена е позитивна оцена околу одржување на домот (караулата) кој пак во секој момент може да послужи и за воени потреби.
Од претседателот.
18°C
Bitola
Partly Cloudy
-
.
24°C 9°C
-
.
27°C 12°C
-
.
28°C 12°C
-
.
29°C 14°C
ЗА НАС

