Вие сте тука:   Почетна АКТИВНОСТИ Спортско качување

СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ

Вторник, 15 Декември 2009 22:06 InDesign™
Печати PDF

СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ

 

Историјат


 

Спортското качување односно слободното качување како што го нарекуваа, првите почетоци ги има во 80сетите години каде група алпинисти сакале да го подигнат нивото на тежинската скала во качувањето на карпа. Тоа се Патрик Едланжер, Патрик Бероу од Франција, Волфганг Гулих од Германија и Џеки Годов од САД. Зошто слободно качување? До тој период искачувањето на насоките било на секаков можен начин, поточно за да напредуваш во карпата покрај клиновите што ги коваш за твојата безбедност истовремено преку гуртната ги користиш и за качување односно напредување. Со појавата на оваа група качувачи доаѓа до искачување на досегашните насоки во слободен стил односно повторно со клинови и јаже, но при напредувањето не ги користиш клиновите туку само карпата и нејзините фаќалишта. По кратко време се појавуваат и првите насоки со повисока тежинска оцена, на глатки карпи каде се монтираат експанзионите клинови. При искачувањето на овие насоки доаѓа до подигање на тежинската оцена впрочем насоките се со тежина AEE по УИАА скалата. Веќе во 1983 година Патрик Едланжер ја отвара и ја искачува првата насока со тежина 7а по француската скала ( AEEE по УИАА), со што започнува и ерата на екстремното спортско качување, велам спортско качување бидејќи терминот слободно се исфрлува од причина што и алпинистите во своето качување го отфрлаат влечењето на гуртни при напредување во качувањето.


Бројот на спортските качувачи се зголемува и тие доаѓаат на идеја нивното качување да го одмерат на натпревар. Така што првиот пробен не официјален натпревар се одржува во тогашна Југославија, поточно во Сплит, во организација на Патрик Едланжер-Франција, Ивица Пиљиќ и Метод Шкарја-Југославија, Бен Моон-Англија. Натпреварот се одржува на карпата Марјан во периферијата на Сплит, а насоката која треба да се качува е "на поглед" (ii neaoo) со тежина AEE+, а носи име Чарли Чаплин. По овој натпревар доаѓа до голема експанзија на спортски качувачи, така што УИАА(Обединета Меѓународна Асоцијација на планинари, алпинисти и спортски качувачи) одлучува да го одржи и првиот официјален натпревар на светско ниво. Натпреварот се одржува во Бардонекија, Италија. На него учество зеле околу 120 натпреварувачи, а нормално доминирале доајените на спортското качување.


По Бардонекија следи и првиот Мастер Куп (куп на најдобрите) кој се одржил во 1989 година во Арко, Италија, а и сеуште опстојува и е еден од најголемите хепенинзи во овој спорт. Насоката на овој мастер куп била со тежина 7a+(E? OEAA) Веќе од 1989 година започнува и спортско качувачката светска лига. Таа е организирана од страна на УИАА-комисијата за спортско качување, за да во 1993 година премине во EOO-Eioa?iaoeiiae Oioioee io Oiiiaoeoeaa Oeeiaeia(Меѓународен совет за спортско качување) тело со највисок ранг во OEAA. Со започнување на лигата натпреварите добиваат друга димензија. Тие се одржуваат на вештачка карпа, со што започнува ерата на вештачката карпа. Во прво време натпреварите се одржуваат на отворено, а потоа исклучиво во затворен покриен простор односно спортска сала. Првиот таков натпревар на вештачка карпа е во Франкфурт-Германија, а последниот на природна карпа е во Велико Трново-Бугарија, истотака последниот натпревар на вештачка карпа на отворено е во Албена-Бугарија.


Од тогаш па наваму натпреварите добија многу подруга димензија. Натпреварувачите не се веќе големи ентузијасти, туку професионалци, кои се присутни на сите спортски манифестации, големи парични фондови кружат околу организацијата на овие купови, првенства, семинари и курсеви во спортското качување.
Сето ова би требало да кулминира со Олимпијадата во Атина 2004 година каде спортското качување ќе стане и олимписки спорт, со што влегува во алејата на редовни и масовни олимписки спортови.



Спортското качување во Македонија


Спортското качување во Македонија своите скромни почетоци ги има со учеството на двајца натпреварувачи на првиот неофицијален натпревар во Сплит во 1985 година. Тоа се Трајче од Штип и Мите од Пеони, кои како преставници од Република Македонија во рамките на Југославија учествуваат на овој натпревар и се пласираат на релативно добри место.


По подолг период поточно 1992 година, година која се смета за започнувањето на спортското качување во Македонија. Имено, истата таа '92 година во месец октомври на дотогаш техничката насока до планинарскиот дом Матка се одржува првиот натпревар во Република Македонија. На натпреварот учествуваа 11 натпреварувачи каде првото место го освојува Лазаров Лазо, второто место Трповски Владимир, а третото место Огњановски Мишко. Еден месец подоцна поточно во ноември '92 година е отворена и првата спортско качувачка насока Џамбо Џет со тежина AEE+(-AEEE) и тоа од Трповски Владимир и Лазаров Лазо. По овој натпревар следеше неискусна, но храбра организација на натпревар од отворен карактер, кој се одржа на Матка во месец Јуни 1993 година. Организацијата е на Трповски Владимир во соработка со Жежовски Иван, Тошанов Душан, Ивчевски Иво, Љубиќ Ивица. На натпреварот учество земаа натпреварувачи од Македонија, Југославија и еден натпреварувач од Хрватска. Првото место го освои Глушчевиќ Славо од ЈУ, второто место Лазаров Лазо од МКД и третото место Радовиќ Марко од ЈУ. Сите насоки кои беа дотогаш отворени се оклинчени со клинови подарок од СД"Пеони", а клиновите беа изработени по нивна иновација во Скопската железарница.


Напоредно со организирањето на овие натпревари доаѓа до формирање и на првиот спортско качувачки клуб АСКК"Екстрем" од Скопје. Каде по завршувањето на натпреварите со стекнато поголемо искуство, на иницијатива на членовите од АСКК"Екстрем", ПД"Кајмакчалан" и АД"Матка" се формира и комисијата за спортско качување. За нејзин прв претседател е назначен Трповски Владимир. Комисијата имаше огромна задача, а тоа е да го доближи спортското качување до граѓаните на Република Македонија.
За првпат во 1993 година Македонските спортски качувачи, членови на АСКК"Екстрем" заминуваат да качуваат во Арко, Италија каде постојат преку 1000 спортско качувачки насоки.
Може да се каже дека во периодот од 1993 до 1995 година се години каде се откриваат многу нови работи кои се од неприкосновено значение за Македонските спортски качувачи, период каде се отвораат уште 5 нови спортско качувачки насоки. Како насоките "А1" 6а/6б, "А1 Дино" 6а, "Чарли Чаплин" 6с, "Циго Постмодерна" 6с+, "Централа Екстрем" 7а.


Во 1994 година во месец декември е изградена и првата вештачка карпа. Карпата е плод на Митров Петар и Трповски Владимир. Вештачката карпа е набавена од Бугарија, а се монтира во спортската сала Кале.
Од тогаш па наваму следува нова ера за Македонското спортско качување. Се подига нивото на спортот, редовни тренинзи, натпревари, семинари, курсеви и најважното е качување и одржување на кондициското ниво во зимскиот период.


По речиси 10 години од осамостојувањето на Македонија, доаѓа до зачленување на СПСМ во УИАА. Како рамноправна членка Сојузот односно Спортско качувачката асоцијација стекна право да учествува и на натпревари од Европски и Светски карактер. Така првата Македонска репрезенатација која учествуваше на Светски Куп во спортско качување во Крањ, Словенија е Трповски Владимир, Пејковски Зоран, Антовиќ Светозар и Трајковски Мартин и тоа ноември месец 1999 година, за да веќе во декември истата година македонска репрезенатција учествува на Светското Првенство во Бирмингам, В. Британија. Екипата која учествуваше во В.Британија е Трповски Владимир, Петровски Дејан и Трајковски Мартин.
Со ваквите учества нашите членови се здобија со огромно искуство, кое беше неопходно за понатамошниот развиток на спортот во Македонија. Ова резултираше со попрофесионален приод кон спортот и кон тренинзите.


Напоредно со ова дојде до оформување на Балканската лига во спортско качување. Во неа се организираат натпревари во спортско качување и тежински, брзински и болдер дисциплини. Првиот Балканскки Куп се одржа во Белград во 1997 година, за да стане традиција се до 2001 година каде се одржа петтото Балканско Првенство во Скопје.


Истотака треба да напоменеме дека по долги години тренинзи и макотрпна работа веќе Македонските качувачи се приближија до врвните Балкански качувачи односно влегоа во првите места. Мораме да истакнеме дека првиот поголем успех го постигна Антовиќ Светозар кој го освои второто место на Балканскиот Куп во болдер во Белград, Август месец 2001 година и Петровски Дејан второ место во брзинско на Балканското Првенство во Скопје.


На сцена во 2000 та година влегуваат и Македонските спортски качувачи во Јуниорска конкуренција. Тие на Балканското Првенство во Варна 2001 година го освојуваат второто и третото место во Јуниори мажи и тоа Кузмановски Горан и Ристовски Илија, второ место во категорија 13 и 14 години Данило Апостолски и четвртото место за Апостолска Ива која можеме да кажеме дека е првата Македонка натпреварувачка во спортско качување.


Во моментов во Македонија постојат тренинг вештачки карпи монтирани во Машинскиот факултет Скопје, Болдер тренинг место при Градежен факултет, во тек е изградба на уште три нови вештачки карпи во Скопје и вештачката карпа во Битола, потоа напори се прават да се изградат вештачки карпи во другите градови.
Паралено со изгрaдбата на вештачките карпи доаѓа до отворање на нови спортско качувачки насоки ширум македонските качувачките локалитети и тоа со тежини до 8а/8a+ (?-).


Првата насока со тежина AEE е качена од Лазаров Лазо, потоа првата насока со тежина AEEE е качена од Трповски Владимир и двете насоки се наоѓаат на локалитетот Матка, за да веќе во 1999 година Пејковски Зоран ја качи и првата насока со оцена 7с(E?) во Варасова, Грција. По ова качување се појавува голем интерес за стигнување и престигнување на оваа тежина. Веќе во Мај месец 2001 година на Матка е отворена и првата насока со оцена 8а+.


Кратко кажано, спортскотото качување се развива со голема експанзија, како во светот така и кај нас.
Со зачленувањето на СПСМ во OEAA, спортските качувачи стекнаа право да се натпреваруваат на натпреварите организирани од OEAA-EOO(Интернационален совет за спортско качување при УИАА). Тие натпревари се организирани во светски купови, светски првенства и мастер купови. Светските купови се организирани во една светска лига, каде што секој натпревар носи одредени бодови. На крајот од годината се прогласува целокупен победник. Светските првенства се одржуваат на секои две години и се невидена спортска атракција. Мастер Куповите се организираат на иницијатива на одредени организатори и на нив учествуваат повикани спортски качувачи за кои се смета дека во моментот се најдобри, впрочем на Мастер куповите се искачуваат до тогаш невидени тежини на насоките.


Напоредно со активностите на светско ниво, се одржуваат и балканските натпревари. Традицијата на Балканските натпревари датира од 1997 година каде во Метеора, Грција се одржа основачкиот митинг на Балканските земји за зближување на ниво на алпинизам, ски алпинизам и спортско качување. Всушност стартуваат Балканските првенстава во спортско качување-тежински и брзински натпревари. Првото балканско првенство е одржано во Белград, потоа продолжуваат во Букурешт, Ниш, Велико Трново, Скопје итн. Од 2000 година на натпреварот во Велико Трново на Македонска иницијатива е оформена и Обединетата Балканска Спортско Качувачка Асоцијација. Во почетокот оваа Асоцијација ќе работи волонтерски односно на една година ќе се менува мандатот на координаторот кој има задача да ги координира натпреварите. Додека пак натпреварите се организирани на ниво на Балкански Купови во тежинско, брзинско и болдер дисциплини. Поточно балканската лига функционира како и OEAA-EOO лигата.
Во овој период мораме да истакнеме дека на сцена се Македонски качувачи кои допринесуваат за многу брз и квалитетен развој на овој спорт во Македонија. Со нивната пожртвуваност допринесуваат да бидат присутни на секој тренинг, на што повеќе натпревари, дали домашни или странски, да организираат натпревари, да организираат курсеви и семинари, да посетуваат качувачки локалитети како на балканот така и во светот, всушност тие се првите кои ги поставија темелите на спортско качување во Македонија. Поради тоа голема благодарност на Трповски Владимир, Пејковски Зоран, Петровски Дејан, Трајковски Мартин, Чорбески Александар, Антовиќ Светозар, Димитриевски Орце, Мимова Лидија и Ристовкси Илија и многу други кои немилосрдно го трошат своето драгоцено време за развојот на овој спорт односно спортското качување во Македонија.


СПОРЕДБЕНА ТАБЕЛА ЗА ТЕЖИНСКО ОЦЕНУВАЊЕ

 

OE

NII?O

AONO?AEEAI

AIA?EOAI

OEAA

A 15a/5a

6a

18

5.10a

AE+

A2 5a/5o

6a+

19

5.10o

AEE-

A2 5o

6a

20

5.10a

AEE

A3 5o

6a+

21

5.11a

AEE+

A3/A4 6a

6o

22

5.11a

AEE+

A4 6a

6o+

23

5.11o

AEEE-

A5 6a

7a

23

5.11a

AEEE

A5 6a

7a+

24

5.12a

AEEE+

A5 6a

7a

25

5.12a

AEEE+/ E?-

A6 6a

7a+

26

5.12o

E?-

A6 6a

7o

27

5.12a

E?

A6 6o

7o+

28

5.13a

E?+

A7 6o

8a

29

5.13a

?-

A7 6o/7a

8a+

30

5.13o

?/?-

A7/A8 6o/7a

8a

31

5.13a

?

A8 6o/7a

8a+

32

5.14a

?+

A8 6o/7a

8o

33

5.14a

?E-

A9 7a/7a

8o+

34

5.14o

?E

A9/A10 7a/7a

9a

35

5.14a

?E+

 

 

Мораме да истакнеме дека спортското качување се дели на:

 

1.Качување на природна карпа;

2. Качување на вештачка карпа;

 

Првите се оние кои не се заинтересирани за натпревар туку исклучиво качување на природна карпа. Вештачката карпа ја користат во зимскиот период за напредување односно за тренинг.
Додека пак спортските качувачи натпреварувачи своите тренинзи ги изведуваат на вештачка карпа. Но напротив и овие пак секако ја користат природната карпа за качување и за тренинг, каде и се постигнуваат екстремни резултати. Натпреварите исклучиво се одржуваат на вештачка карпа и тоа во затворен простор, поради тоа и уште една голема причина тренингот на натпреварувачите да биде повеќе на вештачка карпа.
Сето ова заедно кулминираше во светот да се појават спортски качувачи кои ја подигнаа границата на досега невозможното. Како на пример, на северна Триглавска карпа насоките Сфинги, кои се врвно достигнување во алпинизмот на таа карпа и се качуваа по два-три дена со скалички, денеска спортските качувачи ги качуваат слободно (без скалички) и тоа во еден ден, друг пример е и Ел Капитен во САД каде насоките се по 38 до 42 должини на јажето, а насоките се спортско качувачки. Постојат и многу други примери, но едно е важно дека спортското качување не е качување на вештачка карпа, всушност вештачката карпа е еден дел односно сегмент во тој спорт.


Насоките на карпите никнуваат секој ден се повеќе и повеќе, има се повеќе и повеќе локалитети со насоки, се подига нивото на тежинската скала, бројот на спортските качувачи е за пет пати поголем според светската статистика за разлика во стариот милениум итн.


Напоредно и Македонија оди чекор во чекор со светското спортско качување и тоа преку посета на светски познати локалитети, присуство на Светски Купови и Првенства, размена на искуства, семинари и други спортско качувачки манифестации.

 

Со спортски поздрав !

 

 

Последно освежено на Четврток, 24 Декември 2009 10:50
Overcast

15°C

Bitola

Overcast

  • . Chance of Rain

    15°C 8°C

  • . Clear

    22°C 9°C

  • . Clear

    24°C 11°C

  • . Clear

    27°C 13°C

  • СТАТИСТИКА

Има 2 гости присутни
Членови : 2
Содржина : 48
Веб врски : 6
Гледања на содржината : 16287