Вие сте тука:   Почетна АКТИВНОСТИ Ориентација

ОРИЕНТАЦИЈА

Вторник, 15 Декември 2009 22:07 InDesign™
Печати PDF

МАКЕДОНСКА ОРИЕНТАЦИОНА ФЕДЕРАЦИЈА

 

Ориентацијата може да се опише како " играње шах во трчање ". Многу е лесно да научиш ориентација, но предизвиците кои ги нуди овој спорт се бесконечни. Ориентацијата нуди интелектуален предизвик плус секојдневни физички вежби.

Ориентацијата е спорт за секого, без разлика на годините и искуството. Ориентацијата е многу погодна за масовни настани, во кој елитните ориентирци и рекреативци, мажи и жени, мали деца и личности над 90 години можат да уживаат заедно. Ориентацијата е спорт за целото семејство - вистинскиот спорт за сите нас.

Ориентацијата не е скап спорт. Потребна е карта и компас, соодветна облека и можете да започнете.


Ориентација може да се тренира скоро на секаде во светот, на најразлични терени (од паркови па дури и во пустини). Теренот за ориентација може да биде рамен, покриен со многу густа шума или целосно отворен, на планина или во град. Постојат неколку форми на ориентација. Интернационалната ориентациона федерација ИОФ (Интернатионал Ориентееринг Федератион ИОФ) е светска организација која раководи со обичната ориентација, ски ориентацијата, ориентација со велосипеди и ориентација за инвалиди.

Еден ориентирец на натпревар користи детална карта и компас. Тие му служат за да може лесно да се движи по патека означена со одреден број на точки нанесени на картата. Во природа на местото на точката се наоѓа портокалово - бела призма која ја означува таа точка. Натпреварувачот перфорира на местото на точката на својот контролен картон. Победник е оној натпреварувач кој за најкратко време ги изминал сите точки по нумерички редослед. Брзото трчање не значи сигурна победа. Мора исто така да се избере најдобрата патека помеѓу било кои две точки и да се пронајде призмата, при тоа да не се изгубат непотребно драгоцени секунди.

 

 

Последно освежено на Четврток, 24 Декември 2009 08:25
Clear

12°C

Bitola

Clear

  • . Clear

    24°C 9°C

  • . Clear

    24°C 11°C

  • . Clear

    27°C 13°C

  • . Clear

    33°C 13°C

  • СТАТИСТИКА

Има 3 гости присутни
Членови : 2
Содржина : 48
Веб врски : 6
Гледања на содржината : 16302