СТАТУТ НА КЛУБОТ
Врз основа на член 5,20 и 76 од Законот за здруженија на гра”ани и фондации (Службен весник на Р М ,бр 31 од 02.07 1998) и член 3,10,и 11 од Законот за спорт (службен весник на Р.М бр 29/02 , 66/04/81/08) и член 25 (од Статутот на ЗГ 18-ти Август-Скопје ),на седница одржана на ден 13.03. 2009 година,донесе пречистен текст на
С Т А Т У Т
На Планинарски Спортски Клуб 18-ти Август-Скопје
ОПШТИ ОДРЕБИ
член 1
Планинарски Спортски Клуб 18-ти Август-Скопје (во понатамошен текст ПСК 18-ти Август) е здружение на гра”ани,формирано со слободно зружување на гра”аните,заради остварување и усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење на дејности и активности во планинарство.
член 2
Граганите се здружуваат во ПСК 18-ти Август заради остварување на поширок општествен интерес преку што се задоволуват потребите од стручна и друга помош.
член 3
Член во ПСК 18-ти Август може да биде секој полнолетен гра”анин државјанин на Република Македонија,кој доброволно ќе пристапи кон ПСК 18-ти Август со давање на писмена изјава.Зачленување во ПСК 18-ти Август се врши со пристапница,односно со давање на членска книшка ,која при исклучување или престанок на членувањето,задолжително се враќа.
ПСК 18-ти Август за своите членови води регистар на членство,кое се ажурира еднаш годишно.
член 4
Членот има право да биде биран во органите на ПСК 18-ти Август,да учествува во работата и да придонесува во развојот и популарноста со платена чланарина од ФПСМ.
член 5
ПСК.18-ти Август неможе да врши политички активности или да користи имот средства за остварување цели на политичка партија.
член 6
ПСК 18-ти Август е член на Сојуз на спортови на Скопје и на Федерација на планинарски спортови на Македонија.
член 7
ПСК 18-ти Август може да основа друшта со ограничена одговорност и Акционерско Друштво за остварување на средства за финансирање на своите активности утврдени со Статут.
член 8
Обврски на членовите во ПСК 18-ти Август се.
- -редовно да ја плаќа чланарина
- -да присуствува на состсноците,
- -да земаат конкретно учество во спроведување на програмата на активности на ПСК 18-ти Август.
член 9
ПСК 18-ти Август ,има својство на правно лице со права и обврски на своите цели ,задачи и дејности да ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија ,овој Статут и Статутот на Федерација на Планинарски Спортови на Македонија како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.
член 10
ПСК 18-ти Август го претставува и застапува претседателот на ПСК 18-ти Август.
член 11
Називот на здружение на гра”ани е ПЛАНИНАРСКИ СПОТСКИ КЛУБ 18-ти Август од Скопје.
член 12
Седиште на ПСК 18-ти Август, во Општина Центар на ул Орце Николов бб при Министерството за одбрана Скопје.
член 13
ПСК 18-ти Август од Скопје е правно лице.
ПСК 18-ти Август има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението Планинарски Спортски Клуб 18-ти Август - Скопје,а во средина се наоѓа амблемот на ПСК 18-ти Август од Скопје,амблемот се состои од планински врвови и сонце планинска куќа, дрва и река .
Штембилот е правоаголен и на него е испишан следниот текст:
член 14
Работата на ПСК 18-ти Август Скопје е јавна.
Јавноста во работење се обезбедува со редовно известување на членовите на ПСК 18-ти Август,на гра”аните од Скопје за сите облици на работење,со увид во спроведување на програмски задачи,со поднесување извештај за работа на органите и телата на ПСК 18-ти Август,за материјално финансиско работење и друго.
За информирање на членовите и пошироката јавност се користи и печатот,радиото,телевизијата.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПСК 18-ти Август и НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ
член 15
Граѓаните се здружени во ПСК 18-ти Август од Скопје заради остварување на поширок заеднички интерес ,а како посебни цели и задачи се:
- -Да ги зачленува работните лу”е и гра”ани,посебно младината и подмладок и да ги воспитува за активно одење и снао”ање во природа,а посебно како хуманитарна организација да воспоставува кадри и врши спасување на лу”е во планина во случаи на елементарни непогоди,
- -да ги запознава со постојните и да се занимава со изнао”ање на нови природни убавини,богатства и културно историски спомените
- -преку општествената дејност да ги воспитува своите членови за совладување на пречки во природа ,да негува позитивни особини на општестено активна и прогресивна личност,да создава навики за организирана и колективна активност кај своите членови,работни луѓе и граѓаните.
- -да ги воспитува во духот на придобивките на народното ослободителна војна на Република Македонија;
- -да работи на запознавање и зближување со други народи преку соработка со планинарските и други напредни организации во светот во духот на прогресивна солидарност:
- -да овозможува услови за престој во природа посебно во планини, кај своите членови да негува позитивни особини како што се: скромност,другарство и сл. Да делува на омасовување на планинарство во училишта,работни организации,установи и др.
- -да формира секции и истите да ги оспособува и покасно од нив формира планинарски клуб.
член 16
За остварување на своите цели и задачи клубот:
- -организира курсеви, излети, натпревари, качување на карпи, ориентациони натпревари, логорување и други форми на планинарска дејност за своите членови, работни луге и граганите, а посебно подмладокот;
- -ја усовршува техниката на планинарењето, алпинизам, испитување на пештери и служба за спасување на планините
- -ги користи сите современи средства за информирање и пропаганда со цел за популаризација на природни убавини и знаменитости на планински предели и животот во планините;
- -соработува со општествени органи и организации, штабови на територијална одбрана и општествена самозаштита,со АРМ и др. на задачите од заеднички интереси;
- -соработува со научни и стручни институции и организациите
- -во соработка со општествени органи и организации се грижи за обезбедување на материјални средства за унапредување на планинарство,
- -изградува,ги одржува и се грижи за обезбедување правилно користење на планинарски објекти;
- -работи на обезбедување,оспособување,изградба и чување на патишта во планина,
- -преку курсеви и школи оспособува кадри за:
- -Водачи во планините, алпинисти, планинарски спасители, спелеолози исл. и се грижи за заштитан а природата во планините;
- -организира акции за пошумување на голотините;
- -организира акции во планините во други земји и посети на странски планинари во нашите планини;
Да соработува со државни органи,здруженија и други институции заради остварување на своите цели.
ФИНАНСИРАЊЕ НА ПСК 18-ти Август
член 17
ПСК 18-ти Август остварува средства од;
- -чланарина
- -донации;
- -буџет
- -провизии од органи,организации,заеднички и од други услуги;
- -од трговски друштва
- -и од други услови
член 18
Користење и располагање со средства на ПСК 18-ти Август добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останати законски норми.
член 19
За користење и располагање со срества одлучуваат органите на ПСК 18-ти Август ,согласно надлежностите утврдени со овој Статут,кои преземаат мерки за економско целесообразно користење на средства и за спречување и отстранување на незаконитостите.
член 20
ПСК 18-ти Август донесува годишен финансиски план за приходите и расходите.
Финансиски план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 13 од Статутот,како и расходите за општествена активност,за плати на вработените,материјални трошоци за работа на ПСК 18-ти Август,и други расходи сврзани со работа
УПРАВУВАЊЕ СО ПСК 18-ти Август
член 21
Со ПСК 18-ти Август управува организирано членство на непосредно или преку своите претставници во органите.
Права и должности на членот-претставникот се:
- -да избира и да биде биран во органите на ПСК 18-ти Август;
- -да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;
- -да работи на развивање и унапредување на општествените и други активности произлегуваат од Статутот,програмски цели и задачи и од усвоени одлуки и заклучоци;
- - да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмски активности;
- -да ги застапува интересите и ставовите на ПСК 18-ти Август;
- - да бара стручна и друга помош од областа на материјата;
ОРГАНИ НА ПСК 18-ти Август
член 22
Органи на ПСК 18-ти Август од Скопје се ;
- Собрание;
- Извршен Одбор
- Надзорен Одбор
член23
Собранието на ПСК 18-ти Август како највисок орган е составено од сите членови кои доброволно пристапиле во ова друштво,потпиешале пристапница и кои ке се ангажираат во остварување на целите и задачите на оваа друштво,како и ке работат во рамките на овој Статут,
Законот и Уставот на државата.
Мандатот на претставниците трае 4 години.
Собранието се составува по потреба,најмалку еднаш годишно.
член 24
Седници на Собрание свикува претседателот на ПСК 18-ти Август - Скопје.
Седница на собрание се свикува и по предлог на Извршен одбор на ПСК 18-ти Август - Скопје или 1/5 од вкупниот број членови на Собранието
Ако претседателот на собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница,седницата ја свикува Извршен одбор или иницијатори.
Седница на Собрание за работа на Извршен одбор може да се свика и по предлог на надзорна комисија.
Начинот на свикување на седница на Собранието на ПСК 18-ти Август се определува со Деловодник за работа на Собранието.
член 25
Собранието на ПСК 18-ти Август од редовите на своите преставници (членови) на редовни или вонредни собранија избира Извршен одбор кој е извршен орган на Собрание.
член 26
Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број преставници (или членови).
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутни преставници или членови.
Во надлежност на Собранието е следното:
- -го донесува Статутот на ПСК 18-ти Август и врши измени и дополнувања на истите
- -избира и разрешува членови на Извршен одбор;
- -усвојува програмска ориентација за работа на ПСК 18-ти Август за период од 4 години,операционализирано во годишни програми:
- -го разгледува и усвојува извештај за работа на Извршен одбор поме”у собранија;
- -ја следи материјално финансиска состојба на ПСК 18-ти Август поме”у Собранија;
- -донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на ПСК 18-ти Август
- -расправа за постигнати резултати од развојот на ПСК 18-ти Август и дава насоки за натамошен развој на ПСК 18-ти Август;
- -донесува одлуки,заклучоци,препораки,за решавање на прашање од интерес на ПСК 18-ти Август;
- -одлучува за основање на трговски друштва;
- -врши и други работи кои произлегуваат од Статут и законите.
член 27
Извршниот одбор е извшен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права,обврски и одговорности за работење и развој на ПСК 18-ти Август во согласност со Статутот
член 28
Извршниот одбор на ПСК 18-ти Август брои 5 члена
Мандатот на членовите на Извршен одбор трае 4 години,со можност за повторен избор.
Извршниот одбор од своите редови избира претседател со мандате од 4 години,со можност за повторен избор.
Претседателот на Извршен одбор истовремено е и претседател на Собрание и претседател на ПСК 18-ти Август - Скопје и тој го претставува и застапува ПСК 18-ти Август - Скопје.
член 29
Во надлежност на Извршен одбор е следното:
- -ги спроведува статутарните и програмски задачи,како и одлуките и заклучоци на Собранието;
- -донесува и реализира годишна програма за работа;
- -предлага измени и дополнување на Статутот
- -донесува соодветни правилници,прифаќа спогодби и склучува договори;
- -свикува седници на Собрание и припрема материјали;
- -именува и разрешува секретар;
- -донесува одлуки за формирање на постојни и повременски комисии и ја насочува нивната работа;
- -организира и активно учествува во организирање на разни акции и манифестациите
- -донесува одлуки за набавка и отугување на основни средства;
- -донесува одлуки за награди,пофалници и признанија;
- -дава согласност на Правилникот за организација на работите и работни задачи на стручна служба;
- -донесува одлуки по приговори и жалби;
- -врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот;
член 30
Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собрание;
Извршен одбор се составува и одржува седници по потреба.
Седницата на Извршен одбор ја свикува Претседателот.
Предлог за свикување на Извршен одбор може да поднесе:
- -една половина од Извршен одбор;
- -една третина од претставници на Собранието;
- -по предлог на Надзорна комисија и секретарот на ПСК 18-ти Август.
Седниците на Извршен одбор може да се одржат доколку се присатни повеке од половината членови на извршниот одбор,а одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови од присатни членови.
Со седницата раководи и претседава Претседателот,а во негово отсуство член кој ке го избере Извршен одбор.
Начин на свикување на седница и други прашања од работење на Извршен одбор се уредуваат со Деловодник за работа.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
член 31
ПСК 18-ти Август пред трети лица го застапува и представува Претседателот.
Претседателот се бира за период од 4 години со право на повторен избор.
Ги свикува и претседава со седниците на Собрание и Извршен Одбор.
Потписник е на нормативни акти и други документи кои се донесуваат во клубот.
Потписник е на жиро сметката со секретарот и се грижи за реализација на финансиски планови,планови,спроведување на одлуки и заклучоците на собранието.
Врши и други работи утврдени со овој Статут и други Општи акти на ПСК 18-ти Август.
За своето работење Претседателот е одговорен пред Собранието и Извршен Одбор.
Во случај на спречување на Претседатеот должностите на овој член ги превзема Секретарот.
НАДЗОРЕН ОДБОР
член 32
Заради извршување на статутарни и програмски задачи и одлуки на Собранието и Извршен Одбор,Извршниот одбопр формира Надзорен Одбор и други работни тела.
Надзорен Одбор е составен од три члена кои ги избира Собранието со мандате со 4 години.
Членовите на Надзорен Одбор не можат да бидат членови на други органи и тела во ПСК 18-ти Август.
Надзорен Одбор врши контрола над спроведување на одредбите на овој Статут и контрола за наменско располагање со средства о приходи на ПСК 18-ти Август.
Своите наоди и одлуки Надзорен одбор ги доставува до Собранието и Извршен Одбор.
член 33
Судот на честа преставува посебен орган на ПСК 18-ти Август и работи по посебен Правилник,кој го донесува ФПСМ.
Се состои од 3 членови и двајца заменици.
Членовите на судот помегу себе бираат претседател со мандате од 4 години.
СТРУЧНА СЛУЖБА НА 18-ТИ АВГУСТ
член 34
За извршување на административно стручни,помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите се формира Стручна служба на ПСК 18-ти Август.
член 35
Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручна службаг и утврдува секретарот во согласност со законските норми и Статут.
член 36
Средствата за работа на стручна служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа:средства за плати,за заедничка потрошувачка ,за материјални трошоци и за посебна намена за нормално извршување на функцијата.
член37
Со Стручна службан а ПСК 18-ти Август раководи секретарот.
Секретарот го именува и разрешува Извршниот одбор согласно со условите кои се утврдени со посебна одлука.
Секретарот на стручна служба во исто време е и секретар на ПСК 18-ти Август.
Секретарот правото од работен однос го остварува во ПСК 18-ти Август,во Стручна служба,а за извршување на својата работа одговорен е пред Извршен одбор.
член 38
- -Права ,обврски и надлежности на секретарот;
- -Секретарот на стручна служба раководи си работа на стручна служба,
- -секретарот е работен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Закон за работни односи.
- -секретарот е наредбодател и потписник на сметка на СПК Козјак
- -секретарот е одговорен за извршување на Финансиски план и Програма за работа,
- -се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоци донесени од Собрание и Извршен одбор;-
- -во правниот промет презема мерки и дејствува во име и за сметка на ПСК 18-ти Август;
- -се грижи за правилна припрема на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши;
- -склучува договори,спогодби во име и за сметка на ПСК 18-ти Август.
ПРЕСТАНОК НА ПСК 18-ти Август
член 39
ПСК 18-ти Август ќе престане со работа кога за тоа ќе одлучат членовите.
- -ако бројот на членови се намали под бројот определен за основање;
- -ако настанат причини утврдени во член 52 од Законот;
- -Одлука за престанок на ПСК 18-ти Август донесува Собрание со двотретинско мнозинство.
член 40
По престанок на работа на ПСК 18-ти Август,имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските,преминуваат во сопственост на ФПСМ.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 41
Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собрание на ПСК 18-ти Август,а поме”у две собранија,Извршен одбор.
член 42
ПСК 18-ти Август е правен следбеник на целокупен имот капиталот на досегашно работење на ЗГ 18-ти Август од Скопје.
член 43
Измените и дополнувањата на овој Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување.
член 44
Овој Статут влегува во сила со денот на донесување,а престанува да важи Статутот на ЗГ 18-ти Август од Скопје бр02-37 донесен на ден 13 03 2009 година.
19°C
Bitola
Partly Cloudy
-
.
24°C 9°C
-
.
27°C 12°C
-
.
28°C 12°C
-
.
29°C 14°C


