Вие сте тука:   Почетна ЗА НАС Правилник

Правилник

Четврток, 24 Декември 2009 06:39 InDesign™
Печати PDF

Врз основа на член 51 алинеја 12 а во врска со член 34 од Пречистениот текст на Статутот на Федерација на планинарски спортови на Македонија бр. 01 - 38/1 од 31.03.2008 година, Претседателството на ФПСМ на својата редовна седница одржана на ден 22.10.2008 година донесе


П Р А В И Л Н И К

За распределба на средствата на Федерацијата на планинарските спортови

на Македонија стекнати од членарина

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој правилник се определува начинот, износот и намената на распределба на средствата на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (во понатамошниот текст: ФПСМ) стекнати од членарина на спортските клубови (основните планинарски организации) кои што придонесуваат за развојот на планинарските спортови.

Член 2

Предмет на распределба на средствата од член 34 од Пречистениот текст на Статутот на ФПСМ се средствата собрани од годишна чланарина во ФПСМ.

Член 3

Основните планинарски организации (спортските клубови) секоја година на сметката на ФПСМ уплатуваат паричен надоместок на име годишна членарина во износ кој се определува со одлука на Претседателство на ФПСМ.

Член 4

Со оваа уплата спортските клубови се стекнуваат со право да подигнуваат маркици во зависност од бројот на нивните членови без посебен надомест за секоја подигната маркица и да ги издаваат на своите членови по цена која ќе ја утврди нивниот орган на управување.

Член 5

Средствата на спортските клубови што ги стекнуваат од членарина на своите членови се приходи со кои тие слободно располагаат.


ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Член 6

Приходите кои се стекнуваат во ФПСМ од членарина на спортските клубови се наменски.

Средствата се наменети за финансиско помагање на позначајни проекти со посебен интерес за развој на спортовите при ФПСМ , како:

- организирање на активности од меѓународен карактер;

- организирање на активности од државен карактер и посебен интерес за ФПСМ;

- учество на меѓународни активности; (светски првенстава, собири, курсеви, експедиции...);

- реализирање на проекти од посебен интерес за планинарските спортови.

Член 7

Барање за добивање на овие средства поднесуваат регистрираните клубови најдоцна до 30 март тековната година. Во барањето треба да се наведе детално образложение и објаснување на проектот или активноста за која се бара финансиската подршка како и висината на бараните средства.

Барањето се поднесува во писмена форма, заверено и потпишано од овластено лице на спортскиот клуб.

Член 8

ФПСМ формира комисија од 5 члена (по еден член од секоја асоцијација/федерација) која ги разгледува, селектира и рангира писмените барања.

Ненавремените барања, како и нецелосните и непотполни барања за добивање на финансиски средства, Комисијата од став 1 на овој член ги отфрла и не ги разгледува.

Член 9

Комисијата во своето работење може да го повика овластеното лице на спортскиот клуб кој поднел барање, да даде одредени дообјаснувања на свoјот проект за кој бара финансиски средства.

Член 10

Комисијата во своето работење го утврдува и износот на средства кој го доделува на спортскиот клуб.

При одлучувањето за висината на износот, комисијата се раководи од висината на износот на вкупните средства собрани од членарина, од вкупниот број на поднесени писмени барања како и од нивната целисходност односно оправданост во смисла на намената од член 6 на овој правилник.

Член 11

Комисијата своето мислење со образложен предлог кон секое барање го доставува до Претседателството на ФПСМ.

Претседателството на ФПСМ донесува одлука за доделување на средствата најдоцна до 30 април тековната година.

Член 12

Доколку во тековната година нема поднесено барања за добивање на финансиски средства или истите не се однесуваат за намени од член 6 на овој правилник, средствата се префрлаат за наредна година.

Член 13

ЗАВРШНА ОДРЕДБА

Овој правилник влегува во сила со денот на неговото донесување и истиот ќе се објави со истакнување во просториите на ФПСМ како и со доставување до сите спортски клубови.


Број 01 - 80/3

Од 22.10.2008 година


Претседател на ФПСМ

Проф.Д-р.Јовица Угриновски

Скопје

 

Последно освежено на Четврток, 24 Декември 2009 08:31
Clear

12°C

Bitola

Clear

  • . Clear

    24°C 9°C

  • . Clear

    24°C 11°C

  • . Clear

    27°C 13°C

  • . Clear

    33°C 13°C

  • СТАТИСТИКА

Има 1 гостин присутни
Членови : 2
Содржина : 48
Веб врски : 6
Гледања на содржината : 16292