Вие сте тука:   Почетна АКТИВНОСТИ Планинско трчање Правилник

ПРАВИЛНИК

Четврток, 24 Декември 2009 06:44 InDesign™
Печати PDF

Врз основа на член 40 од Статутот на Македонската планинарска асоцијација (во понатамошниот текст: МПА), Претседателството на МПА на својата седница одржана на ден 26.03.2005 год, го донесе следниов

П Р А В И Л Н И К

ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИГА ЗА ПЛАНИНАРСКО ТРЧАЊЕ

чл. 1

Организатор на натпреварите во Македонската лига за планинско трчање, државните првенства и изборни трки за настап на СП и ЕП е Претседателството на Македонската планинарска асоцијација.

Организатор на колото е Друштво / Клуб на кого му е доверено одржувањето на натпреварот, со можност на вклучување во организацијата и на други членови од друштвата / клубовите во регионот.

чл. 2

Македонската лига за планинско трчање, во понатамошниот текст, ќе го носи името Лига, со можност на додавка на името на спонзорот.

чл. 3

Организирање на Лигата е со цел постигнување на високи спортски резултати за унапредување, развој и масовност во планинското трчање.

Натпреварувачката сезона трае една календарска сезона.

чл. 4

Претседателството на МПА назаначува Комисија на лигата составена од еден претставник од секој регион.

Претседателството на МПА назначува Комисија на Лигата составена од пет члена и делагат на МПА во Лигата за натпревари.

Комисијата полноправно ќе одлучува со најмалку три члена.

чл. 5

Регионална поделба.

Целта на регионалната поделба е направена за економична и ефикасна соработка помеѓу друштвата кои гравитираат во тој регион, односно сите региони претставуваат дел од МПА.

Регионите се поделени како следи:

- Скопски регион: Скопје и околината;

- Кумановски регион: Куманово, Кратово, Крива Паланка;

- Штипски регион: Штип, Свети Николе, Пробиштип;

- Кочански регион: Кочани, Виница, Делчево;

- Струмички регион: Струмица, Радовиш, Берово;

- Гевгелиски регион: Гевгелија, Валандово, Богданци;

- Велешки регион: Велес, Неготино, Кавадарци;

- Прилепски регион: Прилеп, Крушево, Македонски Брод;

- Битолски регион: Битола, Деми Хисар, Ресен;

- Охридски регион: Охрид, Струга, Дебар;

- Тетовски регион: Тетово, Гостивар, Кичево;

чл. 6

Комисијата на Лигата именува Извршен орган за водење на секое коло од Лигата (судии, контролори). Именувањето ќе се врши во соработка со регионалните претставници каде што ќе се одржува колото.

чл. 7

Седиште на Лигата е во Скопје, Дом на хуманитарни организации ,,Даре Џамбаз’’ улица ’11 Октомври’’ број 42-а.

чл. 8

Лигата ќе ја сочинуваат екипи кој ги исполнуваат условите од статутот на МПА.

чл. 9

Натпреварите во Лигата ќе се одржуваат на трасирани и маркирани патеки низ планините во Република Македонија.

чл. 10

Во Лигата за натпревари на МПА можат да земат учество екипи од други сродни Асоцијации. Учеството на планинарски екипи од други држави, спортски или сродни екипи во Лигата е надвор од конкуренцијата.

П Р О П О З И Ц И И  Н А  Л И Г А Т А

чл. 11

Во Лигата ќе учествуваат сениори, над 18 години, во машка и женска конкуренција. За лица на возраст од 12 до 18 години учеството се регулира со посебен правилник. Секоја екипа ќе може да пријави неограничен број натпреварувачи.

чл. 12

Задачи на Комисијата на лигата за натпревари се:

- прави распоред на колата за една натпреварувачка сезона;

- објавува конкурс за пријавување на друштвата / клубовите за организирање на кола од Лигата за натпревари;

- одредува делегат и контролори / судии на колото;

- води евиденција на резултатите од натпреварите и ги верификува;

- обработка и презентирање на резултатите по одржаните кола преку редовен Билтен кој го доставува до друштвата / клубовите и Претседателството на МПА;

чл. 13

Натпреварите ќе се одржуваат според распоредот кој го изготвува Комисијата на лигата за натпревари.

Организаторите мораат најдоцна 14 дена пред натпреварот да испратат објава на натпреварот на адреса на Планинарската Асоцијација на Македонија (Атлетската федерација на Македонија) и на делегатот. Потоа објавата веќе не смее да се менува. Во објавата мора јасно да се определи:

- кој е организатор (името на правното лице)

- време на натпреварот (датум, времиња на старт)

- место на натпреварот (на старт и на цел)

- краток опис на патеката со должини и висински разлики на угорнини и удолнини

- категории по години

- време, место и начин на доставување на пријавите и висина на стартнината

- време и место на прогласување на резултатите

- клуч за наградување (признанија, награди)

- посебни предупредувања од организатрот (превоз на опрема или на луѓе итн, лица за контакт, адреса на ЊЕБ страница, информација за објавување на резултатите...)

Со објавата мора да биде приложена мапа и профил на патеката (во однос 1км должина / 200 м висина = 1 / 1) и името на одговорно лице и лице за контакт (адреса, телефон). Должината на патеката се прикажува во километри со точност од 0.1 км (пр. 8.7 км); висинската разлика се прикажува заокружена на 10 м.

При формулирањето на објавата организаторот соработува со делегатот на комисијата кој е задолжен за тој натпревар.

Појаснувањата на објавите за првенствените натпревари во планинско трчање дава организаторот на натпреварот, а на натпреварите делегатот на натпреварот.

Најава на екипата за учество во колото, до Комисијата за натпревари, се прави 7 дена пред одржувањето на колото. Пријавување на екипите до организаторот на колото се врши 2 дена пред натпреварот, поради обврските на организаторот за технички подготовки, превоз, сместување и друго.

Поднесување на пријавите за натпревар, со список на натпреварувачите и наведен водач на екипата, се врши непосредно на состанокот на водачите на екипите, на посебен образец - пријава, оверена со печат од друштвото / клубот.

За евентуална промена на распоредот Комисијата е должна да ги извести учесниците.

Одложување на натпревар може да се одобри во следниве случаеви:

- ако во Колото има помалку од 3 екипите во Лигата;

- поради лоши временски услови или елементарни непогоди;

- други вонредни околности.

чл. 14

Објавување во медиумите

Главните информации за планинските трки треба да бидат објавени во весници со национално значење. За објавување во локални весници треба да се погрижат самите организатори.

Натпреварите треба да бидат објавени и во електронските медиуми од национално и локално значење.

Организаторот е должен на денот на натпреварот да ги достави резултатите до медиумите.

чл. 15

Категории

На натпреварите важи единствена поделба на натпреварите на категории, кои се усогласени со правилникот на МПА (АФМ) и ЊМРА (Њорлд Моунтаин Руннинг Ассоциатион). Натпреварите се организираат во следните категории:

 

жени

12-18 год

Ж1

јуниорки

18-35 год

Ж2

сениорки

35 год и повеќе

Ж3

ветеранки

Мажи

12-18 год

М1

јуниори

18-40 год

М2

сениори

40 и повеќе

М3

ветерани

 

Доколку во одредена категорија (пример 30-40, 40-50 или 50-60) има 15 и повеќе машки или 10 и повеќе женски, се формираат нови категории на натпреварувачи.

Секој натпреварувач настапува на натпреварите на Лигата на Македонија во планинско трчање во категоријата на која припаѓа според годината на раѓање (пр. за Ж1 - од 1988 - 1994). Деца помлади од 12 години не можат да настапуваат на Лигата на Македонија.

На оној натпревар кој се смета како изборен за ЕП или СП може да дојде до одредени измени за да бидат усогласени со правилата на ЕП и СП за таа година.

Правото за настап на натпреварите во планинско трчање е неограничен (настапуваат и нерегистрирани луѓе и натпреварувачи од странство, рекреативци, но не се бодираат).

чл.16.

Најава на екипата за учество во колото до Комисијата за натпревари, се прави 7 (седум) дена пред одржување на колото.

Пријавите обично ги собира организаторот на денот на натпреварот. Собирањето на пријавите почнува 2 часа пред натпреварот и завршува 30 минути пред стартот. Со оглед на искуството очекуваме на старт од 30 до 100 натпреварувачи и затоа мора да има 1 до 2 пријавни места (едно пријавно место нормално може да опслужи околу 50 натпреварувачи). Пријавната служба мора да биде организирана во непосредна близина на главниот старт каде мора да има обезбедено и простор за паркирање. Во случај на лошо време за пријавната служба мора да има обезбедено соодветно голем покриен простор.

Пријавницата мора да ги содржи најмалку следните податоци: име и презиме, адреса, година на раѓање, државјанство и организација за која се натпреварува натпреварувачот. Пријавната служба мора да обезбеди потполно пополнување на пријавниците. Пријавувачот мора да внимава на евидентирање на податоците за државјанство. Пријавната служба не смее да прифати пријавување на деца помали од пропишаната возраст (12 години).

Препорачуваме сите информации за натпреварот организаторот да ги објавува преку озвучување, а и во пишан облик - може и како додаток на пријавниот лист.

Во случај организаторот да ги собира пријавите во ден пред натпреварот, мора да биде јасно дефинирано, на каков начин е можно да се пријави во предпријава, (адреса, висина и начин на плаќање на стартнината...)

Стартнина е 50 денари (1 ЕУР).

Натпреварувач до 18 години е ослободен од стартнина.

Пријавниците се официјална документација на натпреварот и организаторот е должен да ги чува 60 дена по натпреварот..

чл. 17

Во случај да екипата нема доволен број на натпреварувачи во тековното коло, екипата може да стартува со помал број на натпреварувачи.

чл. 18

Не е дозволена замена на натпреварувач после стартот. Еден натпреварувач во натрпеварувачката сезона на Лигата може да учествува само за една екипа..

чл. 19

Учесниците на натпреварот ќе бидат легитимирани на стартот и на целта преку планинарска книшка со фотографија оверена за тековната година.

Организаторот на колото може да одреди дополнително легитимирање на сите натпреварувачите на една од контролните точки.

чл.20

Старт

Стартното место мора да биде означено со транспарент “СТАРТ” над стартната линија или до неа - на тлото мора да биде видлива стартната линија. Со оглед на очекуваниот број на натпреварувачи стартниот простор мора да биде доволно широк.

Од почетокот на собирање на пријавите до стартот организаторот треба да им ги јавува на натпреварувачите тековните информации, меѓу кои е задолжително и времето на старт. За тоа мора да се употреби озвучување или мегафон.

Стартот мора да биде точно во времето кое е објавено на објавата. Во случај да мора да се одложи стартот поради виша сила - може да се одложи најмногу за 2 часа. Промената мора да се соопшти на натпреварувачите најмалки 1/2 час пред првобитно предвидениот старт - а одлуката за одложување на стартот го донесува делегатот.

Во исто време и на исто место може да стартуваат само категории кои се одвиваат на иста патека.

Патот до стартот кој не е во непосредна близина на стартниот простор мора да биде добро означен.

Во секој случај стартот мора да биде изведен така да оневозможува измешување на патеките и да се обезбеди коректно мерење на времето.

Првите 200 метра од патеката мора да биде широка и да нема остри кривини.

чл.21

Означување на патеките

Патеката мора да биде означена така да ниту еден натпреварувач да не може да згреши.

Се препорачува главното означување на патеката да биде со траки и со хартиени стрелки (со натпис МПА) од 1 м. Ако нема дрвја може да се стават ознаките на карпи или на табли кои со колче се забиени во земјата. Ако има повеќе патеки и не се на иста траса, секоја патека нека биде означена со стрелки во посебна боја - организаторот за тоа мора да ги предупреди натпреварувачите во објавата и пред стартот.

Ознаките мора да се видливи од најмалку 30 м при спуст и 15 м при нагорнина, од едната ознака мора да биде видлива следната.

Во случај на натпревар каде има повеќе патеки а еден дел се одвива на иста патека, ознаките мора да ги предупредат натпреварувачите за тоа уште 150 до 200 м пред спојувањето на патеките.

Патеката мора да има километарски ознаки и тоа такви да ја кажуваат оддалеченоста од целта; на кружни патеки од повеќе кругови такви ознаки не се ставаат.

За да на натпреварувачите им се овозможи правовремен преглед на патеката, организаторот мора да се погрижи за означувањето 7 дена (викенд) пред натпреварот (важи за натпреварите кои не биле во Лигата минатата сезона).

На клучните места организаторот може додатно да ја означи и обезбеди патеката. Тоа може да го стори со посипување на вар во кривините и раскрсниците, со траки итн. Тоа означување се прави еден ден пред натпреварот.

Организаторот е должен во деновите по натпреварот да ги отстрани од патеката сите ознаки.

чл. 22

Цел

Целта на натреварот мора да биде јасно означена со целна црта на земјата и со транспарент “ЦЕЛ” до или над неа.

Во случај кога за различни категории има подготвено различни патеки, ако е можно, целта би требало да биде иста за сите.

500м, 250м и 100м пред целта мора да бидат означени.

Последните 20-50м пред целта мора да оградени со траки.

Посебна екипа треба да се грижи за рачно запишување на пристигнувањата на целта.

Во непосредна близина на целта мора да има обезбеден простор за натпреварувачите (гардероба, окрепилница, прва помош...).

чл. 23

Окрепилници

Организаторот е должен да обезбеди одреден број на окрепилници на патеката и на целта. Бројот и локацијата на окрепилниците ја определува организаторот заедно со техничката комисија при прегледот на патеката. Во принцип важи правилото да има окрепилници на секои 10-15 минути од натпреварот - според времињата на најдобрите натпреварувачи. Со оглед на условите организаторот во согласност со делегатот може да го смени бројот и локациите на окрепилниците.

На окрепилниците мора да има на располагање на натпреварувачите млака вода за пиење и намокрени сунгери. Окрепилницата треба да биде на располагање на сите - и на последниот натпреварувач.

Окрепилниците да бидат на рамни делови од патеката означени 100 м пред нив. Луѓето кои се на окрепилниците мора да си ја знаат својата работа и да не им пречат на натпреварувачите.

На целта на располагање на натпреварувачите може да има чај или енергетски напиток; може и лесна храна.

чл. 24

Контролни точки

На критични места (опасни места, раскрсници, места каде постои опасност натпреварувачот да ја згреши патеката...) мора да има редари, кои ќе ги насочуваат натпреварувачите и ќе се грижат за непречен тек на натпреварот.

Организаторот на натпреварите кои се одвиваат на сообраќајници мора да се грижи за безбедноста на натпреварувачите. За сите поголеми натпревари улиците по кои се одвива натпреварот мора да да бидат затворени за секаков промет во двете насоки.

На клучни места на патеката редарите треба да го запишуваат редоследот на натпреварувачите. Тие места треба да се избрани така да не се дозволува неконтролирано кратење на патеката. Тие места мора да бидат означени на мапата и на профилот на патеката; ги определува организаторот заедно со делегатот при прегледот на патеката.

Записите од тие контролни места се дел од официјалната документација на натпреварот; потребни им се на врховната судска комисија при решавање на одредени жалби.

Сите редари мораат да носат препознатлив знак и треба добро да им се објасни нивната задача. Препорачуваме тие да учествуваат и во подготовка на патеката, така да таа им е добро позната.

Пожелно е контролните места да бидат поврзани помеѓу себе и со водството на натпреварот со радио-врска.

Контролните точки мора да се видливи и  означени со број или буква.

Натпреварувачот е должен патеката да ја помине по редоследот на контролните точки.

На стартот и на целта се води евиденција во посебен список за екипите и поединци (по категории машка – женска) со внесување на времето на секој натпреварувач. По завршување на натпреварот, натпреварувачот ја предава контролната листа на судијата/контролор на целта.

Контролната листа е важечка ако го содржи времето на стартот и целта и ако се поминати сите контролни точки (читливо обележани) и истата се предаде на контролорот на целта. Записникот треба да биде читливо пополнет и го потпишуваат судиите – контролори.

чл. 25

Здавствена служба

Организаторот е обврзан да обезбеди присуство на здравствена екипа и на поопасните делови на патеката (спуштањата). Екипите за прва помош мора да се поврзани со водството на натпреварот со радио-врска.

Местото каде што е стационирана здравствената екипа мора да биде означена, исто така и членовите на екипата.

Организаторот на колото е должен патеката да ја обезбеди и со служба за спасување во планина .

чл. 26

Превоз на опрема

Ако се стартот и целта оддалечени (“трка нагоре”), организаторот е должен да обезбеди превоз за најнужната опрема од стартот на целта и тоа така да натпреварувачите ја добијат својата опрема веднаш по пристигнувањето на целта.

Со приемот на опремата на стартот организаторот треба да заврши половина час пред стартот.

чл.27

Делегат

Комисијата за планинско трчање испраќа по еден од своите членови како делегат за секоја трка. Тој соработува со организаторот на подготовка на натпреварот и е присутен на самиот натпревар.

Должностите, правата и одговорностите на делегатот, кој е претставник на МПА (АФМ) на првенствените натпревари се следните:

- да ги познава правилата за организација на натпревари во планинско трчање и правилата на Лигата,

- да ја познава патеката и објавата со техничките детали за натпреварот,

- да биде присутен на натпреварот и  по потреба да ја помине патеката заедно со организаторот (доколку е прв натпревар на таа патека, должен е да ја помине и провери патеката заедно со организаторот)

- активно да учествува во составувањето на објавата и тој конечно да ја потврди,

- да се јави на организаторот најмалку 90 минути пред почетокот на натпреварот

- на натпреварот да носи препознатлив знак (со натпис “ДЕЛЕГАТ, Име и презиме”) кој го добива од комисијата,

- на крајот од собирањето на пријавите да го провери бројот на пријавени по категории и да провери други услови што важат за некои натпревари - пр. за државни првенства

- да се грижи натпреварот да помине во согласност со правилата; во случај на отстапување да го предупреди организаторот, своите забелешки да ги запише во извештајот,

- да учествува во поважните одлучувања за натпреварот, за помалите промени треба да биде информиран,

- да претседава со врховната судијска комисија,

- благовремено да му ги достави на организаторот материјалите од комисијата (печатен материјал, материјал за означување...) и медали за Лигата,

- да учествува во поделбата на признанијата,

- по натпреварот да подготви пишан извештај, по еден примерок за асоцијацијата (комисијата) и за организаторот,

чл.28

Врховна судијска комисија

Организаторот пред натпреварот именува врховна судијска комисија како највисок орган на натпреварувањето. Комисијата на денот на натпреварот одлучува за клучните технички прашања (промена на времето на старт, решавање на жалби од втор степен итн). Комисијата ја сочинуваат три члена и тоа: делегат на одборот од МПА (АФМ), водачот на натпреварувањето и водачот на тиминг службата. Организаторот е должен да обезбеди членовите на комисијата да се запознаат помеѓу себе пред почетокот на натпреварот. Делегатот го наведува составот на комисијата во својот извештај.

чл. 29

Мерење на времето, пресметка на резултатите

Организаторот мора да обезбеди квалитетно мерење на времето со брзо и точно пресметување на резултатите. Постигнатите времиња се запишуваат со точност од една секунда при што времето се заокружува нагоре (пр. 40:23:11 --> 40:24).

Во случај на исти времиња подобро ќе биде пласиран натпреварувач кој прв ќе ја помине целната линија. Одлучувачки е записот на судиите на целта.

Се препорачува организаторите на традиционалните трки да ги чува рекордите на патеките по категории. Рекордното време во резултатите со означува со ѕвездичка до името.

Резултатите треба да ги содржат следните податоци:

 

податок

забелешка

1

редослед

2

стартен број

3

Презиме и име

прво презмето, потоа името - * ако е рекорд на патеката

4

година на раѓање

може и последните две цифри

5

категорија

Ж1 – Ж3, М1 – М4

6

клуб

или држава од која доаѓа натпреварувачот

7

постигнато време

без десетинки од секунда

8

посебни ознаки

пр. времиња на контролни точки и сл.

 

чл. 30

Стартни броеви

Организаторот мора да обезбеди стартни броеви кои нема да му пречат на натпреварувачот и спојници за стартниот број. Натпреварувачите го носат стартниот број закачен на маичките на градите.

По натпреварот се враќаат на организаторот.

чл. 31

Прогласување на резултатите

Резултатите треба да се прогласат најмногу час и половина по пристигнувањето на последниот натпреварувач на целта. Местото и времето на објавување мора да биде наведено во објавата на натпреварот.

Протоколот на прогласување мора да биде доследно подготвен и изведен. На првенствените натпревари организаторот мора да изведе отворање на настанот (свирење на химната, знаме...), почитувајќи го Законот за спортските приредби во Македонија. При подготовката на протоколот треба да учествува и делегатот.

чл. 32

Објавување на резултатите

Организаторот е должен да објави прво неофицијални резултати (може само апсолутен редослед со колона за категорија), а по изминувањето на времето за жалби (половина час) и конечни резултати. Секое објавување на резултатите треба да има запишано и време на објавувањето.

При прогласувањето мора да се објават минимално првите три по категории и добитниците на наградите.

Организаторот мора да им обезбеди податоци на новинарите веднаш по прогласувањето на резултатите, како и основни податоци за натпреварот (број на учесници, евентуални занимливости како рекорди и сл.).

Пожелно е да за време на прогласувањето на резултатите организаторот да може да подели отпечатени листи со резултатите (доволни се листи во апсолутен редослед за поодделните патеки).

При прогласувањето на резултатите треба да биде објавено кога и каде натпреварувачите ќе ги добијат конечните резултати.

Организаторот му ги доставува на одборот (делегатот) веднаш по поргласувањето резултаттите во пишан облик и на дискета.

Конечните резултати мора да ги содржат следните податоци: постигнато место, стартен број, име и презиме, година на раѓање, организација или место (држава) од каде доаѓа натпреварувачот, категорија и постигнато време.

Конечните резултати се изработуваат како вкупни (апсолутен редослед) за одредена патека и по категории.

чл. 33

Недозволена помош

Употреба на помошни сретства за полесно поминување на патеката не се дозволени. Тука спаѓаат и скијачките стапови и други средства со кои може да им се помогне на натпреварувачите (јажиња...)

Не е дозволено никакво попречување од страна на натпреварувачот на другите натпреварувачи.

Прекршувања на правилото од оваа точка се предмет на дисквалификација,

чл. 34

Жалби

Прв степен - усна жалба на натпреварувачот или на неговиот застапник / тренер на главниот судија врз основа на неофицијалните резултати најдоцна 30 минути по нивното објавување. Судијата може да ја реши жалбата, да ја одбие или да ја предаде на судиската комисија. Ако е одбиена жалбата, останува можноста за жалба до втор степен.

Втор степен - писмена жалба на натпреварувачот или на неговиот тренер до делегатот врз основа на неофицијалните резултати најдоцна 15 минути по решавањето на жалбата од прв степен. На жалбата мора да биде напишана причината за жалбата и потпис на подносителот на жалбата; мора да биде приложена такса во висина од 200 денари кои во случај на позитивна одлука се враќаат на подносителот, а во случај на одбивање на жалбата остануваат на организаторот. Жалбата ја решава судиска комисија.

Доколку резултатот на натпреварувачот, кој е во постапка на жалба, влијае на прогласувањето на резултатите (првите три пласирани и добитници на награди), прогласувањето ќе се изведе по решавањето на жалбата.

Одлуката на судиската комисија во принцип е конечна. Дололку се дојде до некои нови сознанија или докази, може повторно да се свика комисијата.

чл. 35

Признанија

На Лига натпреварите се доделуваат медали на МПА - комисија за планинско трчање. Начинот за доделување на медали на Државните првенства (кои обично се и натпревари од Лигата) е опишан во поглавието за Државни првенства. Признанијата му ги доставува на организаторот - делегатот. Организаторот по сопствена желба може да подели на најдобрите пехари - препорачуваме пехари само за победниците по категории.

чл. 36

Награди

Организаторот, според своите можности може да ги награди најдобрите по категории, т.е. да употреби при поделбата свој клуч, кој мора да биде објавен на стартот.

чл. 37

Документација на натпреварот

За официјална документација на натпреварот се смета:

- објава

- пријавници

- записи од контролните точки

- запис од резултатите на целта (или видео снимка)

- оригинални компјутерски исписи од тиминг службата

- жалбите од втор степен

Оваа документација организаторот е должен да ја чува 60 дена по натпреварот.

чл. 38

Допинг контрола

Во сезоната 2006 е предвидена допинг контрола на еден од Куп натпреварите. Контролата ја води и изведува ОКС според важечките правила.

чл. 39

Задолжителна опрема

На натпреварите е задолжителна атлетска опрема (спортски гакички, маичка, во случај на поладно време соодветна гардероба)

Дозволена се специјални обувки за планински трки со груб профил или атлетски спринтерки (со боцки).

чл. 40

За здравствената состојба, физичката спремност и потребната опрема за натпревар во Лигата е лична одговорност на секој учесник. Задолжително е лекарско уверение и осигурување.

Натпреварувачот на пријавната листа потпишува лично изјава за учество.

чл. 41

Бодирањето е поединечно и екипно. Максималниот број на бодови изнесува 50 (педесет) за секое коло од натпреварот.

Поединечно бодирање:

првопристигнатиот добива 50 бода;

второпристигнатиот добива 49 бода;

третопристигнатиот добива 48 бода и секој понатаму пристигнат натпреварувач редоследно добива по еден бод помалку, до педесеттиот и сите следни пристигнати натпреварувачи ќе добијат по 1 бод.

Екипно бодирање:

Ќе важи истиот систем за бодирање на поединци со тоа што ќе се води посебен список во кој ќе се евидентираат резултатите од првите три пристигнати натпреварувачи во апсолутна категорија на секоја екипата во колото. За екипа со помалку од три натреварувачи во екипното бодирање ќе се евидентира резултатот од тој број на учесници.

Посебно ќе се водат табели за машките и женските јуниорски екипи, каде са екипен пласман се земаат првите двајца/две натпреварувачки/чки.

чл. 42

Секој натпреварувач пред стартот, од водачот на екипата, добива стартен број, топографска карта (или фотокопија).

чл. 43

Контролните точки мора да се видливи и означени со број или буква.

Натпреварувачот е должен патеката да ја помине по редоследот на контролните точки.

На стартот и на целта се води евиденција во посебен список за екипите и поединци (по категории машка - женска) со внесување на времето на секој натпреварувач.

чл. 44

Натпреварувач се дисквалификува во случаеви кога:

- не е евидентиран на сите контролните точки или не пристигне на целта;

- ако не се движи по строго обележаната и маркирана патека на натпреварот;

- ако користи превозно средство на патеката;

- ако користи недозволиви стимулативни средства и опојни напитоци

чл. 45

Судии / контролори на натпреварот на колото не смеат да се натпре- варуваат.

чл. 46

Судиите / контролори на Колото ги оценува следниве елементи:

- организација на натпреварот;

- концепција на патеката;

- поставување на контролни точки;

- обезбедува топографска карта (фотокопија) од теренот за натпревар.

За завршените работи се известува Комисијата на лигата за натпревари на МПА.

чл. 47

Пласманот на екипите во Лигата ќе се одредува според збирот на бодовите од секое завршено коло..

чл. 48

На крајот од натпреварувачката сезона првопласираната екипа се стекнува со титула државен првак во планинско трчање на Република Македонија за тековната година. МПА на првопласираните три екипи им доделува пехар, а на поединците од трите првопласирани екипи им доделува пехар и дипломи, по можност и награди.

чл. 49

За евентуални забелешки околу регуларноста на натпреварот капитенот или член на екипата е должен да најави писмен приговор кај судија и до крајот на натпреварот да го достави со образложение.

Судиите контролири даваат првобитен одговор на приговорот и доколку одговорот се прифати се врши прогласување на резултатите.

Доколку подносителот на приговорот не е задоволен со одговорот при- говорот се приложува кон записникот.

Во истиот рок и организаторот е должен да даде образложение за натпреварот за кој е поднесена жалба. Жалбата ја разгледува пет-члена комисија (два члена од организаторот и три члена од натпреварувачите).

чл. 50

Натпревар за кој е поднесена жалба нема да биде регистриран се доде- ка не биде донесена конечна одлука од Комисијата за натпревари на Лигата односно Претседателството на МПА.

чл. 51

Организаторот на натпреварот е должен во рок од 10 дена по одржаниот натпревар да достави резултати и извештај за натпреварот до Комисијата за натпревари.

чл. 52

За други неопфатени прашања со овие пропозиции ќе решава Натпреварувачката комисија согласно овој Правилник и останатите нормативни акти на МПА.

чл. 53

Во случај на спор второстепен и конечен орган е Претседателството на МПА

чл. 54

Измени и дополнувања на овој Правилник и Пропозиции се врши на начин на донесување на истите.

чл. 55

Овој Правилник и Пропозиции стапуваат во сила 8-от ден од објавувањето во просториите на МПА и се доставува на сите планинарски друштва / клубови.

Претседател на МПА,

Драган Филиповски

 

Последно освежено на Четврток, 24 Декември 2009 13:20
Partly Cloudy

16°C

Bitola

Partly Cloudy

  • . Mostly Sunny

    24°C 9°C

  • . Clear

    27°C 12°C

  • . Mostly Sunny

    28°C 12°C

  • . Clear

    29°C 14°C

  • СТАТИСТИКА

Има 3 гости присутни
Членови : 2
Содржина : 48
Веб врски : 6
Гледања на содржината : 16353