ОРИЕНТАЦИЈА
1. Што е ориентацијата?
Ориентацијата е спорт во кој ориентирците користат прецизна, детална карта и бусола (компас), за да пронајдат контролни точки (КТ) во природа. Ориентацијата може да се доживее како прекрасни прошетки во природа или како елитен натпревар.
Стандардна ориентациона патека се состои од старт, одреден број на КТ кои се обележани со кругови, повразни со линии и означени по нумерички редослед по кој што треба да се пронајдат и финиш. Кругчињата со кои се означуваат КТ се центрирани во однос на објектот на кој се наоѓаат. Овој податок исто така се дефинира и како контролна ознака. Во природа контролно знаме (призма) ја означува локацијата која секој натпреварувач мора да ја пронајде.
За да се потврди дека е пронајдена некој точка, натпреварувачите користат перфоратор поставен на самото знаме со кој се дупчи контролниот картон. Секој перфоратор има различна комбинација од дупчиња.
Патеката помеѓу две КТ не е обележана. Секој натпреварувач има целосна слобода да го избере најдобриот пат. Оваа способност за навигација и движење низ шума е најосновниот елемент во ориентацијата.
2. Карта

Иако е возможно да се ориентира на било која карта, задоволството е многу поголемо доколку се користат карти направени специјално за ориентација. Тој вид на карти се многу прецизни, детални и нацртани во размер.
Ваквиот вид на карти се користат во последниве 50 години. Во 1940те, на натпреварите се користеле карти со размер 1:100 000 (1 цм = 1 км), кои биле владини карти, често пати во црно - бела боја и без изохипси кои ја прикажуваат формата на теренот. Изохипсите се најважниот елемент на картите. Тие претставуваат криви затворени линии кои што означуваат места со иста надморска висина.
Денес натпреварите се одржуваат на 5 бојни карти со еквидистанца (разлика на надморската висина помеѓу две соседни изохиси) од 5 м и размер 1:15 000 (препорачан размер) или 1:10 000 (1 цм = 100 м).
Често пати карактеристиките на ориентационите карти се поистоветуваат со карактеристиките на владините карти или картите за општа намена. Меѓутоа еден елемент во ориентационите карти е специфичен само за нив: северните линии (линии кои го покажуваат магнетниот север). Северните линии се паралелни линии со плава боја (или со црна) кои се протегаат од магнетниот југ, па се до магнетниот север. Зошто овие линии не покажуваат кон вистинскиот север? Бидејќи аголот помеѓу магнетниот север и вистинскиот север на различни места во светот има различна вредност и бидејќи ориентирците ги користат бусолите за да се ориентираат самите себе (кон магнетниот север). Поради ова настанат е еден стандард на цртање на паралелни линии на картата, така што би му помогнале на ориентирецот многу лесно да определи одреден правец.
Постојат интернационални спецификации за симболи за цртање на ориентациони карти, кои се покажале како доста успешни.
Симболи за ориентациони карти:
- симболите со црна боја се користат за претставување на камени објекти (камења, карпи, гребени и сл.) , за линеарни објекти како патишта, железнички пруги, огради и објекти направени од човек (урнатини, куќи и сл.);





- - плавата боја се користи за разни видови на водени објекти (поточиња, реки, езера);
- - симболите со кафена боја се користат за претставување на земјени форми како што се изохисите, мали дупки, суводолици, земјени одрони, брани;
- жолтата боја се користи за претставување на вегетација - поточно за отворени површини.
- разните нијанси на жолта боја ни кажуваат колку е чист теренот;
- зелената боја се користи за претставување на вегетација која го успорува движењето на ориентирецот. - - темната зелена боја претставува скоро непроодна шума;
- - белата боја се користи за претставување на шума со одлична проодност;
- розевата или црвената боја се користи за цртање на самата патека на картата. Исто така се користи за означување на некои забранети зони и сл;
3. Бусола

Добра бусола има куќиште исполнето со флуид. Поради флуидот бусолата не мора да се поставува во идеална хоризонтална положба, а сепак прецизно да се одредат страните на светот. Иглата на бусолата е обоена во две различни бои. Претпоставувајќи дека бусолата е поставена во идеална положба, црвената половина од иглата покажува кон север, а белата половина кон југ.
Добра бусола може да се користи долго време. Меѓутоа некои работи се штетни за самата бусола. Куќиштето може да се скрши, да истече флуидот, иглата со време може да се магнетизира обратно и сл.
Без разлика каков вид на бусола се користи, постојат два основни елементи кои му се потребни на ориентирецот:
- ориентирање на картата;
- одредување на правец;
Користење на бусолата за ориентирање (осеверување) на картата
Ова е многу проста и едноставна постапка, а сепак во тоа се состои најголемата употреба на бусолата:
- постави ја картата во хоризонтална положба;
- постави ја бусолата врз картата;
- ротирај ја картата се додека " северните линии " на картата не се поклопат со иглата од бусолата;
Сега картата би требало да е правилно ориентирана во однос на теренот. Со оваа постапка се овозможува полесно читање на картата.
Одредување на правец
Секој правец може да се изрази како агол во однос на магнетниот север. Во војска или во извидници, оваа постапка е наречена " азимут ", а правецот е изразен во степени. Ориентирците ова го изведуваат многу лесно. Само ја поставуваат бусолата во саканиот правец, го ротираат куќиштето на бусолата, се додека не се поклопат северните линиите од картата и иглата од бусолата, па правецот е определен.
Колку е важна бусолата?
Најважната навигациона алатка која се користи во ориентацијата е човечкиот мозок. Дозволено е употреба на уште една направа, а тоа е бусолата. Таа е корисна за определување на правец и за ориентирање на картата во однос на теренот. Но исто така, понекогаш е многу полесно на некои одредени видови на терен да не се користи бусола.
Бусолата е единствената дозволена алатка која се користи во ориентацијата. Алтметрите и ГПС системите се забранети со одредени правила.
4. Ориентациона патека
Сите ориентациони патеки се различни една од друга, но сепак сите содржат старт, одреден број на КТ кои што треба да се пронајдат по назначен редослед и финиш. Вообичаено ориентирецот ја нема видено картата и патеката се до моментот на старт.
5. Како ќе знаете дека сте ја пронашле вистинската контролна точка?
КТ ја означува локацијата која се наоѓа во центарот на кругчето нацртано на картата. Таа е направена во вид на триаголна призма. Секој дел е обоен во две бои - бела и портокалова. Може да биде поставена на некоја гранка или на парче од некое срушено, труло дрво во близина на вистинскиот објект. Меѓутоа се почесто се поставува на дрвена или метална рамка која е набиена во земјата.
На самата призма е прицврстен еден или повеќе перфоратори и ознаката на КТ. Секоја КТ има единствена ознака, обично комбинација од две букви (може и броеви, но според правилата не се користат броевите од 1 до 40). Токму со помош на овие ознаки ориентирецот знае дека ја има пронајдено вистинската КТ. Ознаките вообичено се дадени во кодните ознаки кои се наоѓаат прицврстени на самата карта или се испечатени на неа.
12°C
Bitola
Clear
-
.
24°C 9°C
-
.
24°C 11°C
-
.
27°C 13°C
-
.
33°C 13°C
АКТИВНОСТИ 

