Планинарско спортски клуб 18-ти Август | Исхрана во планина
КАКО ДО ВАШЕТО МЕНИ ВО ПЛАНИНА

Исхрана во планина
Изборот што ќе го направиме за храна треба да биде рационален, што значи да носиме доволно храна, но со минимален товар. Исто така треба да мислиме на потребите на организмот, поточно храната да биде избалансирана да ги содржи сите неопходни компоненти:
јаглени хидрати - се извор на енергија, тие се наоѓаат во форма на леб, тестенини, ориз, мусли, шеќери, јаглените хидрати треба да бидат основниот дел од храната на планина , а особено по време на турата
Најдобро е да се носи леб , кој не се суши толку брзо, на пр. Ржаниот леб е покомпактен, потраен и по калоричен
Белковини - се градивниот дел , неопходни се за обнова на ткивата, особено за мускулите. Се наоѓаат во млекото и млечните продукти, во јајцата и во месото
Млекото е најдобро да се носи под формата на млеко во прав, а од млечните продукти особено добар за на планина е кашкавалот
Месото е најдобро да се понесе во конзервирана форма или сушено, така е потрајно
Мастите - исто даваат енергија, имаат висока енергетска вредност, но негативното е што тешко се обработуваат и ресорбираат, поради што не треба да се конзумираат за време на турата . Се содржат во месото и млечните продукти
Витамини и минерали - колку е поголем напорот толку и потребата од вит. и минерали е поголема, особено за витамин Ц и вит. од групата Б. Витамините најмногу се содржат во овошјето, зеленчукот, но и во таблетна форма-мулти витамини
Овошјето и зеленчукот нај практично е да се носат во сушена форма.
Вода - особено треба да се испланира количеството на вода што ќе го понесеме со нас, а тоа зависи од турата.. При понапорни тури се губат и до 5л течности. Со водата се губат и соли и тоа на 1л вода се губи 3г сол, поради тоа заедно со течностите треба да земеме и солени работи Добро е претходно да разучиме дали има извори по патот, од каде што би можеле да си ги дополниме резервите со вода. Но и во пределите каде што има вода, доколку не сме сигурни дали е чиста, треба да ја дезинфицираме по некаков начин: со превривање или со хлорни таблети
На 1л вода се додаваат 2 таблети хлор, се исчекува 30мин и потоа може да се пие.
Енергетски напитоци -чај и кафе, добро е да се конзумираат за време на физички напор, но во умерени количини, на пр. 2-3 кафиња дневно.
Алкохол- по време на тура е строго забранет. Кога се конзумира во прво време дава чувство на топлина, затоа што ги шири крвните садови, но со тоа се оделува и голема топлина, кожата е загреана, но телото се лади. и лесно може да дојде до измрзнатини. Исто под дејство на алкохол се зголемува заморот, се намалува концентрацијата и се зголемува некритичноста, при што лесно може да дојде до повреди како резултат на непромислени работи
Мени на планина
Дента пред турата е добро обилно да појадуваме и да внесеме големо количество на течности-кои ќе ни служат како резерва по време на турата.
На денот на турата, појадокот треба да биде лесен(леб со путер и мармалад, мусли,кекси ) и да си оставиме ако е можно 2ч да се преработи храната.
За време на физичката активност, треба да зимаме само јаглени хидрати под формата на суво овошје, Бонжити, чоколадо, алва, ореви. И таквата храна треба да ни е достапна-во џебовите на јакната или на ранецот за да може да ја конзумираме додека се движиме или за време на кратките одмори
Откако ќе се вратиме од турата, треба најпрво да исчекаме 10-20мин да се стабилизира организмот, потоа да ги надокнадиме загубените течности-под форма на солени супи или топол чај и потоа веќе доаѓа време за вечерата која треба да ги надокнади изгубените калории-треба да содржи доволно јаглени хидрати и протеини, а во зима и масти. На пр. тестенини со месо, конзерви, ориз..
-треба да внимаваме на планина јадењето да ни бидеразноврсно и вкусно, за таа цел може да дополниме со зачини
Пакување на храната , треба да биде во најлон кеси, а месото во фолија, треба многу да се внимава да се одбира трајна и цврста храна
кога планираме што да понесеме од храна, треба да мислиме и на резервни 30% храна-која би била во случај на “не дај боже”
И за крај: не можеме да очекуваме дека исхраната на планина треба да биде како дома
21°C
Bitola
Partly Cloudy
-
.
24°C 9°C
-
.
27°C 12°C
-
.
28°C 12°C
-
.
29°C 14°C
Исхрана во планина

