ТРЕТ ПЛАНИНАРСКИ МАРАТОН
КАЈМАКЧАЛАН - 06”
организиран од:
П.Д. 18-ти Август, П.Д.Трансверзалец, П.Д.Макпетрол,
П.Д.Пелистер, ПД Медикус-Битола
Сместување : Караула Скочивир (560м) и Летна караула (1928м), во тврда градба и шатори
Исхрана: на местото на ноќевање и врвот ќе работи бифе со скромни цени
Внимание !
- На маратонот се учествува потполно на сопствена одговорност!
- Лица под 18г, се должни да се движат само во организирани групи или во придружба со полнолетно лице
- По читување на природата
- На лица со здравствени проблеми не им се препо-ручува учество во натпреварот
- Се бара строго почитување на времето и најмало задоцнување нема да е истолерирано
Цена: 1. за превоз - 400.00ден (еднонасочен), 700.00ден (повратен)
2. ноќевање - 2 Еур (тврда градба), 1 Еур (шатори со подметачи)
Федерација на на
планинарските спортови
Македонија
Драги планинари, маратонци, и вистински ценители и љубители на природата, особено ни е задоволство што можеме да ве поканиме за учество на по втор пат организиран маратон на планината Ниџе, а воедно и петто коло од лигата на натпревари.
За оние кои веЃе имаат позетивни импресии од минатата година, верувам дека ќе дојдат повторно, а за оние на кои Ѓе им биде прв пат повелете да во друштво, во прошетка или со трчање ја доловите таинственоста и магичноста на живописната Ниџе планина.
Планината и патеката се подготвени, останува само на вас да дојдете и да уживате во пролетната убавина и свежина на прекрасната природа
Ниџе планина значењето го добива особено по Првата светска војна со името на својот најубав и највисок врв - Кајмакчалан , што во превод означува масно, кајмаклија - пасиште. Точно таа бујна рамнина богата со алпските пасишта на темето низ векови била ползувана од сточарските племиња, како Јуруците, Каракчаните, Власите
Ниџе е расположена по македонско-грчката граница, источно од Пелагониската котлина. Петта е по височина сред планините на Р. Македонија.Но и покрај нејзината височина никогаш не можат да се сретнат траги од замрзнување. Растителниот свет е доста разнообразен. Дабови шуми кои се распростираат до 1300-1400м и наеднаш преминуваат во иглолисни без преодниот буков појас. А мегу богатиот животински вид, може да се забележат и едречките орли.
Поради својот поиграничен карактер, слабо е населена, населението е главно сконцентрирано во областа Мариово, позната по својата етнографска самобитност и архитектура
Специфичност на стазата
Самата стаза започнува од ловечки дом Коњарка (2,5км од с Скочивир), од каде води камионски пат до самиот врв. По патот на околу 19км, се стигнува до Шумарската куќа Редир-(1650м) Се поминуваат Влашките колиби(1850м) и се продолжува до целта на ЛЕТНАТА КАРАУЛА (1970м).
По пристигнувањето на целта, за оние што се чувствуваат подготвени може да продолжат до врвот КАЈМАКЧАЛАН. Должината на целата патека (од ловечката куќа до Кајмакчалан) е 25.3км. и Просечно времетраење е 6-7ч умерено одење. Патеката е одбележана со црвен круг со бел центар
Панорамата од врвот е фантастична на северозапад се раширува Пелагонија, на запад Пелистер, на Југозапад и на југ високите Нередска и Негушка планина, а помегу нив се синеат четирите големи Сараѓолски езера. Југоисточно е Пајак планина, а северно од неа Кожуф. При добра видливост се оцртува и бреговата контура на Солунскиот залив, а западно од него моќниот Олимп. Навистина би вредел напорот за да се доживее сето тоа.
Вода има на стартот, Шумарската куќа. што означува дека треба да си обезбедите доволно количество на вода за долгиот пат.
Старт : во 7ч во дворот на ловечка куќа
Категории
- машка
- женска
- рекреативна
Превоз: Петок- од Скопје во 17ч пред Народна Банка,
Сабота во 03ч пред Народна Банка
ПРОГРАМА
Петок 30.06.2006
- пристигнување и сместување во с.Скочивир - Караула
- 20ч. Отварање на манифестацијата со Трибина "Планинарство и медиумите"
- 21ч логорски оган - дружење
Сабота 1.7.2006
- 5.30ч станување, подготвување и поаѓање до СТАРТ-Ловечка куќа ( 610м)
- 7.00ч СТАРТ на маратонот
- 15ч прогласување на ЦЕЛ - врв Кајмакчалан (2521м)
- Ручек
- 16ч враќање кон местата за ноќевање: летната караула и с. Скочивир
- 20ч Трибина "Место на планинарството во современото живеење"
- 21ч логорски оган
Недела 02.07.2006
- 7ч појадок и поаѓање кон дома
Сите потребни информации можете да ги добиете од
МПА 02-3165-540;
Синиша Алексоски 070 905-686; 075 825-280



