Планинарење

Тоа е широк поим кој опфаќа : излетничко планинарење-при кое не е неопходна некоја посебна подготовка и опрема, високогорско планинарење-искачување на повисоки планини, алпинизам- за кое треба посебна физичка спремност, познавање на техники и поседување на посебна опрема. Исто под планинарство спаѓаат и планинарско трчање, ориентација, планинарско скијање, спелеологија

На прашањето зошто планинариме?

Одговорот го наоѓаме длабоко во структурата на човекот и необјаснетата желба за висина, да се совладуваат опасности. Со тоа го потиснуваме стравот за да би ја почуствувале радостта и слободата. Со планинарењето се усовршуваат некои од човечките ососбини: храброст, издржливост, истрајност. одлучност, самостојност. Се соочуваме со самите себе си и притоа стануваме свесни за нашите вистински вредности

Планинарењето има и здраствена полза: го учиме организмот да се прилагодува кон секакви физички напори, тоа е вистински активен одмор и начин да си ја обновиме енергијата за понатамошна работа

Преку планинарењето учиме како да го цениме животот и како да уживаме во него и не залудно било кажано

“ кој еднаш ќе ја запознае чаробната моќ на природата, останува нејзин вечен вљубеник “

Развиток на планинарството

Првите почетоци на планинарењето се кријат уште пред 18 век, извесниот Русо рекол “ основниот пат кон среќата е враќањето кон природата ”. Првите обиди биле главно со научна цел-истражување, за да потоа се развие и во нешто поголемо.

Во 19 век бележиме едни од позначајните чекори во планинарството- тогаш започнува развојот на класичниот алпинизам - без употреба на технички помагала. На 07.08.1786 за прв пат е искачен Монт Бланц од Мицхаел Габриел Паццард-кој бил доктор и Јеан Јацљуес Балмат-собирач на кристали. А првиото планинарско друштво е оформено во Лондон-1857г Алпин Цлуб

Веќе во 20 век е и појавата на технички алпинизам, а со тоа се овозможува и освојувањето на светските врвови. На 29 Мај 1953 во 11:30 е освоен покривот на светот Монт Еверест 8848м од Хилари Едмонд (од Нов Зеланд) и шерпасот Тенецинг Норгаи

1928г е оформена светската асоцијација за аплинизам УИАА

Планинарството во Македонија

Започнува уште пред првата светска војна , но поорганизирано по војната. Прво планинарско друштво е оформено во Прилеп “Златов врв” во 1924г, а потоа и во Битола- “Пелагонија” , Кичево-“Бистра”

1944г декември пред завршувањето на втората светска војна е формирано Скопско планинарско друштво

Нашата гордост во планинарството Димитар Илиевски-Муратот е единствениот македонец кој се искачил на Монт Еверест, но за жал таму и останал на 13 Мај 1989г